Среќен роденден хероју Роан: Роден со само 1 320 грама во 27 недела од бременоста

Прочитај за: 2 минути

Малиот херој Роан, роден во 27. недела од бременоста и само 1 320 грама тежина, го прослави својот втор роденден.

„Среќа, страв и возбуда се чувствата со кои храбрата Шќипдона Меровци го опиша своето искуство на патот кон реализирање на најубавата животна улога на една жена, мајчинството. Како и сите бремени жени ставени пред најголемиот предизвик и најубавиот период од животот, и таа била со позитивни мисли за текот и развојот на својата бременост до оној момент кога вели дека сѐ се случило одеднаш, без никакви претходни симптоми. Во 26. гестациска недела, без никакви знаци и болки за породување, на Шќипдона ѝ прснал воденикот. Во тие моменти на страв и загриженост во кои морале бргу да реагираат, заедно со сопругот одлучиле довербата да им ја дадат на искусните доктори во „Аџибадем Систина“. За состојбата на пациентката се погрижил м-р доктор Александар Бојаџиев, кој вели дека предвреме прснатиот воденик во 27. недела претставува голем ризик и за бебето и за мајката доколку не се реагира навреме, а малиот Роан дојде на свет со родилна тежина од само 1 320 грама, поради што мораше да помине дури 49 дена на Одделението за неонатална интензивна нега. Од старт за малиот Роан се грижеше д-р Александар Сајковски, кој вели дека прематурните новороденчиња во оваа гестациска старост се веројатно најголемиот предизвик како за медицината така и за нив како неонатолози педијатари. Ваквите бебиња се со најголеми ризици и шансите за завршување со лош исход се големи, додава д-р Сајковски. Вели дека се пресреќни кога успешно ќе ја извојуваат борбата со ваквите бебиња и на крај сѐ ќе се заврши добро.“