Добри деца не се раѓаат, туку ги создаваат добрите родители. Научете како!

родители, деца. воспитување

Сите што се оствариле како родители сакаат среќни и задоволни деца, а истовремено да се закитат со титулата добар родител… Но често нешто излегува од контрола и родителите го губат рејтингот, па следуваат прашања: „каде грешам“, „што да применам“

И покрај многуте истражувања низ годините, никој не успеа да напише точна дефиниција што е добар родител. На нашите простори родителите сакаат да следат европски и светски трендови, но кога е во прашање родителството, секогаш знаат сè и тешко прифаќаат понудени едукации за него, вели психологот Биљана Ивановска.
Ивановска издвои 11 правила за родителите преку кои ќе се најдат себеси, а истовремено ќе им помогнат на своите деца со полно срце да кажат – да, тоа е мојот најдобар родител!

1.Не ограничувајте им го времето поминато на интернет кога и вие самите сте 24/7 онлајн.

2. Не очекувајте смиреност и убаво однесување кога вие најмалку два пати во текот на денот имате излив на бес, викате и употребувате грди зборови.

3.Не поткупувајте ги децата со играчки, вратете се во времето кога растевте… пребројте низ мислите колку играчки имавте, а сепак бевте среќни.

4.Не очекувајте децата да го сакаат училиштето, да ја почитуваат учителката и нејзиниот авторитет, а вие си дозволувате да кажете токму пред низ дека таа е безобразна, не оценува правилно, дека е необразована…

5.Не барајте одговорност од детето во домот кога вашите парчиња облека континуирано ги оставате на столови наместо да ги ставите на свое место.

6.Не игнорирајте ги децата кога зборуваат, замислете се во иста ситуација – на некој да му зборувате напразно без да ве следи.

7.Не наметнувајте му на детето секојдневни активности, без да се запрашате што всушност му прилега… музика, пливање, танци, кошарка… секој ден по нешто… А дали вие би издржале такво темпо?… И да , кога веќе го вклучувате детето во некоја активност, вклучете се и вие.

8. Доста актуелна е здравата храна… И додека варите брокула со чиа семе и хељда за вашето дете, не лажете се скришум со парче чоколадо или рака чипс… Брокулата е здрава и за вас.

9.Никогаш, ама баш никогаш не споредувајте ги децата со други, кога и самите знаете дека не би сакале некој да ве споредува вас со други.

10. Продолжете да ги почитувате вашите родители… Бумерангот се враќа… Како вие со вашите родители, така и вашите деца со вас!

11. Очекувате од децата основна култура кога не им кажувате „добар ден“ ни на најблиските соседи?

Запомнете! Од рана возраст почнува учењето по модел, кое подоцна остава траги во формирањето на цртите на децата како личности. Бидете најдобрата верзија од себе ако сакате и тие утре да бидат добри родители! Поглед во огледало – доволно е да се разбудите… Пробајте ! Добри родители!

loading...
SHARE