Роналдо му ја исполни желбата на тешко болно момче

Прочитај за: < 1 минута

Еден од најдобрите фудбалери во светот Крисијано Роналдо повторно ја воодушеви светската јавност, но не поради умешноста на спортскиот терен.

Познато е дека Роналдо е голем хуманист, со оглед на тоа дека во кариерата учествувал во бројни акции во кои донирал милиони евра.

Тој неодамна ја воодушеви јавноста откако организирал пат во Торино за тешко болно дете. На малиот Џозеф дијагностициран му е тумор на мозокот кога имал само четири години и константно е на терапија. Со помош на „Pitch International“ и Роналдо, договорено е дружење на фудбалската ѕвезда со детето.

Портигалецот го пречека детето во тренинг кампот на Јувентус. Тој се фотографирал со детето и со неговата помала сестра и се потпишал на неколку нивни работи.

извор: плусинфо.мк

SHARE