Руси развиваат вакцина за корона вирусот која ќе се јаде

Прочитај за: < 1 минута

Руски научници работат на вакцина против корона вирусот која луѓето ќе ја примаат не во форма на инјекција, туку како млечен производ.

Потпретседателот на Руската академија на науки, Владимир Чеконин, изјави дека на вакцината за корона вирусот работат научници од Институтот за експериментална медицина од Санкт Петерсбург. Тој откри дека станува збор за вакцина која би се внесувала преку слузницата, односно орално. Имено, антигените во таквата вакцина најчесто се наоѓаат во микрокапсули кои ги штитат од стомачните ензими.

Чеконин појасни и зошто е посебна таа вакцина. Генот кој го кодира С-проеинот на корона вирусот се внесува во пробиотичката бактерија пили, па така бактеријата добива имуноген протеин на својата површина. Така вакцината може да се дозира како млечен производ, објаснува Чеконин.

Пандемијата на корона вирусот досега во светот зарази повеќе од 6 милиони луѓе, а жртви на заразата се околу 380.000 луѓе. Вкупно од вирусот досега закрепнаа околу 3 милиони луѓе.

Извор: inovativnost.mk