Луѓето мислат дека ако си самохрана мајка веќе не си жена

Прочитај за: < 1 минута

29-годишната Теодора од Тетово е самохрана мајка на една ќеркичка. Животот ја однел на таков пат, да треба да донесе таква голема одлука, и патот да си го продолжи сама со својата ќеркичка. А денес е сигурна дека ја направила вистинската работа.

За себе вели дека е горда самохрана мајка, а тоа јасно и отворено го искажува и на нејзиниот Инстаграм профил под називот dorss_single_mami, чијашто намена е токму да охрабри многу самохрани мајки, и вели дека нема проблем да говори слободно за таа тема, која за жал за многумина е табу.

Тоа го прави поради многумина мајки кои се плашат да зборуваат отворено и кои се плашат да ризикуваат. Теодора вели дека со многу од нив комуницира отворено, имаат и група на Фејсбук каде си помагаат и си разменуваат совети, со некои дури и се спријателила веќе и секогаш е тука за секој, бидејќи таа најдобро знае дека да се направи првиот чекор е тешко, но кога имаш поддршка, тогаш е полесно, затоа и зборува јавно, без срам, и со гордост, дека е самохрана мајка.

Нејзината ќеркичка, Кристијана за два месеци ќе полни седум години, а мама Теодора отворено и искрено зборува со неа за тоа дека е самохрана мајка, на начин кој одговара на нејзината возраст, со цел Кристијана да ги сфати работите онака како што треба, да не биде повредена, а сепак да биде информирана.

Повеќе >> Женски Магазин

SHARE