„Секоја кутија што ќе ја испратам ми носи радост“: Мајка донираше 425 литри мајчино млеко за бебенца родени предвреме

Прочитај за: < 1 минута

Мајчиното млеко е добро за сите бебиња, но е особено корисно за предвреме родените деца. Најчесто, тие имаат зголемени нутритивни потреби кои понекогаш не можат да бидат задоволени само со млекото на мајката.

Токму поради тоа, Тејлор Меј добива силни аплаузи за нејзината хуманост. 26-годишната мајка од Мичиген досега има донирано 425 литри мајчино млеко за предвреме родени бебиња и вели дека тоа ѝ носи огромна радост. Меј продолжува со својата мисија и се залага за нормализирање на споделувањето на мајчино млеко.

Тејлор започнала да складира млеко веднаш по раѓањето на нејзиното прво дете, синот Илај. Бидејќи сметала дека мора да се измолзува истовремено со доењето на синчето, таа развила хиперлактација и нејзиното тело создавало повеќе млеко отколку што му било потребно на нејзиното бебенце. Фрижидерите во домот на Меј брзо се наполниле со кеси мајчино млеко, но таа немала претстава дека може да го донира истото.

Откако споделила фотографија на Snapshat од складираното „течно злато“ (како што честопати се нарекува мајчиното млеко), таа била контактирана од нејзината свадбена фотографка со молба за донирање на дел од млекото.

Повеќе >> Фемина

SHARE