Донирано амбулантно возило од компанија на семејството Заеви на струмичката болница

Прочитај за: < 1 минута

Компанијата „Тотал Инженеринг”, фирма на семејството Заеви, денеска донираше комплетно опремено амбулантно возило за транспорт на пациенти на струмичката болница.

Како што соопштија од болницата, покрај возилото, донирана е и заштитна опрема за вработените во Ковид центарот.

Инаку, семејството Заеви лани на 15 ноември донираше уште едно амбулатно возило на струмичката болница, како и медицинска опрема.

Извор: Слободен Печат

SHARE