Сами си набавуваат ампули за болеста на својот син, кој боледува од ретка болест

Прочитај за: < 1 минута

Семејството Стоилковски од Самуилово осум месеци сами набавуваат ампули за болеста на својот 11 годишен син од која коските му стануваа леснокршливи. На училиште го носат со бебешка количка оти не оди.

Потребна му е ортопедска електрична количка но и редовна терапија која семејството ја набавува од странство. Од Фондот за здраствено осигурување велат дека ампулите се на позитивна листа и семејството со потребната документација да се обрати во Фондот за да му се рефондираат потрошените средства.

SHARE