Штитна жлеза – препорачана и забранета храна

штитна жлезда
Прочитај за: < 1 минута

Работата на тироидата има големо влијание на метаболизмот, начинот на кој телото ги користи јаглехидратите, мастите, помага во регулирањето на телесната температура, влијае на работата на срцето, го регулира производството на протеините итн.

Кога тироидната жлезда функционира нормално, ја имаме целата слобода во исхраната. Меѓутоа, кога страдаме од некои неправилности во работата на штитната жлезда, како што се хипертиреоза (забрзано работење на тироидната жлезда, зголемено производство на хормоните) или хипотиреоза (забавено работење на тироидната жлезда, намалено производство на хормоните), неопходно е да се почитуваат прописите на исхраната, бидејќи исхраната игра важна улога во подобрувањето на квалитетот на здравјето и животот.

Хипертиреоза – регулирање преку исхрана
Кај луѓето кои боледуваат од хипертироидизам, тироидната жлезда работи забрзано, т.е. произведува поголема количина хормони од нормалното. Како последица на прекумерната количина на тироидни хормони, во организмот се јавува состојба на катаболизам, со други зборови, доаѓа до губење на тежината и мускулната маса. Во овој случај, исхраната мора да биде калорична и избалансирана.

Млеко, јогурт и сирење – Пијте јогурт и млеко секој ден. Овие три намирници можете да ги консумирате и преку колачи, деликатеси, овошни шејкови, во комбинација со корнфлекс или мусли итн. Секој ден во блендер изматете овошен шејк со чаша млеко или јогурт со омиленото овошје. Вклучете сирење во подготовката на салати, јадења од тестенини, печива, итн.
Протеинска храна: јајца, месо и риба – варените јајца можете ситно да ги сечете и да ги додавате во салатите, тестенините и други јадења. Јадете риба и месо, но во нормални граници. Комбинирајте јадења од месо и риба со многу зеленчук. Изматете по едно јајце и додајте го во пире, сосови, намази, преливи, итн.

Повеќе >> Слободен печат

SHARE