Зошто треба да практикуваме бавно јадење?

Прочитај за: 2 минути

Здравствени совети и препораки за бавно јадење од Клиника Жан Митрев.

Многу луѓе јадаат многу брзо, без да се фокусираат на храната која ја консумираат. Брзото внесување храна може да предизвика штета на организмот. Потребно е темелно и долго џвакање на залаците со цел организмот да ги прими сите потребни состојки од храната.

За организмот лесно да ги свари состојките и да ги прими сите потребни хранливи материи, наша препорака е редовно да практикувате бавно јадење. Придобивки од бавното јадење:

Го намалувате ризикот од тегоби со дигестијата

Пребрзото консумирање на храна може да предизвика дигестивни тегоби, болки во желудникот, главоболка и други здравствени проблеми. На јадењето гледајте како на активност во која ќе се опуштите и уживате.

Навистина ќе започнете да чувствувате различни вкусови и текстури

Ако јадете поспоро, оброците ќе ви станат искуствено доживување, а не натрупување со храна. Кон храната однесувајте како кон природата. Обидете се да ги цените боите, вкусовите и аромите.

Го намалувате ризикот од прејадување

Потребни се околу 20 минути за до вашиот мозок да стигне сигналот дека сте внеле храна. Со успорување на внесот на храната, мозокот навреме ќе сфати дека телото е сито.

Јадете пред да прегладнете

Ако сте премногу гладни, ќе ви биде многу потешко да го успорите јадењето. Најдобар начин е да не чекате гладот да ве совлада па да јадете, туку оброците да ви бидат редовни и навремени. Распоредете три главни оброци и два меѓуоброка во период кога вам најмногу ви одговара.

Фокусирајте се на храната

Често додека јадеме, гледаме телевизија, мислиме на некој проблем или тогаш разговараме за плановите со другите членови од семејството. Меѓутоа, вистинскиот оброк треба да биде во тишина, при што вие сте потполно свесни што внесувате во организмот и може да уживате во вкусовите. Не го следете туѓото темпо, туку фокусирајте се на себеси и на вкусот на храната која ја јадете.

Извор: Zan MItrev Clinic

SHARE