Специјализант во ГОБ 8 Септември, 4 години не се појавил на работа a зема 30.000 денари плата

Прочитај за: < 1 минута

Специјализант што фигурира на платен список во ГОБ 8 Септември, четири години не се појавил на работа, потврди за Слободен Печат директорот на болницата доктор Христијан Костов, откако револтиран медицински персонал од оваа болница, за Слободен печат посочи дека во време на пандемија некои луѓе се привилегирани, а други и со мало дете дома мора да одат да прегледуваат болни.

Специјализантот, земал 30 илјади денари плата, но го нема на работа и можно е да му биде врачен отказ.

– И за него и за уште една колешка, исто така специјализантка, отворивме дисциплинска постапка. Не сум го видел во болницата четири години а морам да му давам 30 илјади денари плата, бидејќи таков е договорот со Министерството за здравство. Во времето на ВМРО ДПМНЕ донеле некој програм за кофинансирање на специјализација, па според таа одредба е на платен список. Има уште една таква колешка, меѓутоа за таа докторка проверив дека е максимално ангажирана во амбуланта за ендокринологија на клинички центар. Но и за неа отворивме дисциплинска постапка бидејќи е нејасно зошто не е кај нас во болница, веќе четири месеци ја нема во ковид пандемијата, а претходно доаѓаше. Што и да се одлучи на дисциплинската постапка, така ќе постапам, ако се реши да им се врачи отказно решение, така и ќе направам, ни изјави доктор Костов.

Повеќе >> Слободен Печат

SHARE