Интернистот Спироски: Влегуваме во најопасните 10 дена, ограничете ги максимално контактите

Игор Спироски
Прочитај за: < 1 минута

Влегуваме во најопасните десет дена. Триесет проценти од испитаниците се позитивни на новиот коронавирус, алармира интернистот д-р Игор Спироски.

– Ако некогаш треба добро пазење и заштита, тоа е сега. Ограничете ги маскимално контактите и инсистирајте на заштита дури и во најблискиот круг на социјализација. 10 дена, ајде да се бориме малку. Користете го мозокот– напиша на фејсбук д-р Спироски.

Неодамна, Спироски сподели дека годинава се тестирал четири пати и откри како останал негативен на новиот коронавирус досега.


Извор: Слободен Печат

SHARE