Стефан со тешко сведоштво за се што направил да стигне до Брза Помош во Скопје: Еве зошто не сакам да живеам повеќе тука

Прочитај за: 2 минути

Стефан Петровски, момче од Скопје се огласи на својот профил на фејсбук каде сподели свое сведоштво низ што се поминал:

Синоќа си ја скр шив ногата во оваа скр шена држава. Петок бев на работа до 01:00 сабајле, продолжив кај другарка на кратко и си дојдов дома во 04:00, спиев два саати, станав во 07:00 и отидов на еден целодневен саем.

Се вратив дома да одморам и назад на работа пак до 01:00. Беше некаде околу 01:30 кога се случи инци дентот. Возев тротинет накај дома и додека чекав семафор за да преминам пешачки, забележав едно бездомно куче седнато до мене. Не му обрнав многу внимание па ни тоа мене, барем не додека не светна зелено и тргнав да возам.

Како се качив на скутерот и ја минев улицата приметив дека нешто скока по мене и ме брка. Се свртев исплашено и видов дека е кучето. Од стр ав дека ме на паѓа почнав побргу да возам, надевајќи се дека нема да ја достигне истата брзина како мене (25 км на час), но тоа успеа, а јас изгубив контрола… Не знам како не паднав на земја и успеав да задржам рамнотежа на нозе, но не без пос ледици.

Откако застанав сфатив дека имам многу лоша б олка во десното стапало и веднаш седнав на тротоарот. Со ранец на грб, тротинет од една страна а кучето од друга. Очигледно тоа беше расположено за дружење и внимание но јас веќе не.

Прво, не ја гледам ви ната во кучето, не мислам дека беше аг ресивно или дека пак “ме нападна”. Скоро секој ден ја возам истата рута, ги поминувам овие кучиња и скоро една година како се движам на истиот овој потег кај Веро Џамбо, јас барем, не сум имал ниту еден инцид ент со уличните кучиња.

Ова само може да го сметам како многу жа лна не среќа за барање внимание и љубов од едно бездомно животно кое почнува да спие надвор на 6 степени, среде септември!

Додека седев си зедов некоја минута да се смирам и да проверам каква е шт етата на стапалото. Мене лично не ми изгледаше на скр шеница ама не можев да застанам на ногата, не можев воопшто да се движам.

Го зедов телефонот во рака и свртев на 194, телефонот ѕвонеше скоро една минутка и никој не ми крена. Сум имал слични искуства кога сум барал полиција, но искрено поинаку го доживеав чувството кога и клучен сервис што треба да ти го спаси животот и да пружи БРЗА помош, воопшто не е брз сервис.

Се сетив на 112 и ѕвонев таму. Ми кренаа веднаш, ја објаснив целата ситуација и мојата состојба, ги споделив сите неопходни информации. Тогаш диспачерката ме префрли да зборувам со некој на друга линија; 112 не можеа да пратат амбулантно возило па мораше да ме стават на линија со некој од брза помош, па од таму бев префрлен да зборувам со трет па и четврт човек.

Повеќе >> Стефан Петровски