Сумамед и лекот против маларија од утре ќе се применува кај заболените од коронавирус

Прочитај за: < 1 минута

Од утре кај заболените од корона вирусот ќе почне да се применува комбинацијата што ја содржи лекот хидроклор и азитромицин, познат како сумамед, што веќе се покажа ефикасен во повеќе земји.

Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, попладнево на прес-конференција, соопштуваји дека таа е одобрена денеска на состанок на Комисијата за етички прашања во Агенцијата за лекови – МАЛМЕД.

-Денеска на состанокот на Комисијата за етички прашања во МАЛМЕД, беше одобрена комбинацијата на терапија за пациенти заболени од коронавирусот. Комбинацијата што ја содржи лекот хлоркинин и азитромицин што се покажа како ефективен во повеќе земји и таа одлука ќе биде аплицирана од утре и во болнички и во домашни услови по соодветна индикација од лекарот, бидејќи е потребна прво проценка на клиничката состојба и се дава кај одредена група не кај сите, рече Филипче.

Тој најави дека утре на седница на Комисијата за заразни болести ќе се разговара за моделирање на начинот на движење за време на викендот.

Потсети на веќе донесените дополнителни рестрикции за движење кои се однесуваат на лицата на 67 години и младите до 18 години, за кои дозоволено време на движење е од пет наутро до 11 часот за лица над 67 години и од 12 до 21 часот, до почнување на полицискиот час за младите.

За функционирањето на системот преку „Мој термин“ рече дека без закажување нема да може да се оди на пунктовите за тестирање, туку тоа ќе се прави со закажување преку матичните доктори.

Вкупната бројка на заболени од коронавирусот во земјава се 148, а досега се починати две лица.

SHARE