Предупредување на СЗО: Коронавирусот ги убива и младите

Прочитај за: < 1 минута

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом ги предупреди младите дека последиците од коронавирусот можат да бидат фатални и за нив, па ги повика одговорно да се однесуваат и да ги почитуваат мерките за спречување на ширењето на пандемијата.

„Денеска имам порака за младите. Вие не сте непобедливи, овој вирус може да ве стави во болница со недели, па дури и да ве убие“,

порача првиот човек на светската здравствена организација.
Тој ги повика младите да останат дома и да избегнуваат метеж за да не го пренесат вирусот на постарите лица, кои се поранливи на коронавирусот.

„Дури и ако не се заболите, изборот што го правите за тоа каде одите може да направи разлика помеѓу животот и смртта за некој друг“,

нагласи тој.
Директорот на СЗО посочи дека добри вести за коронавирусот доаѓаат од Кина, бидејќи провинцијата Вухан од каде започна ширењето на пандемијата, од вчера не пријавила ниту едно ново заболено лице.

Жариштето сега е во Европа, а најпогодена земја е Италија која денеска достигна нов црн рекорд со 627 смртни случаи во 24 часа.

SHARE