СЗО: Многу земји одат во погрешна насока, нема враќање во нормала во скоро време

Прочитај за: < 1 минута

Светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, оцени Светската здравствена организација (СЗО), еден ден по рекордните 230.000 нови случаи на коронавирус во светот.

„Вирусот останува јавен непријател број еден, но постапките на многу влади и луѓе не го рефлектираат тоа“, изјави за медиумите генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, додавајќи дека „премногу земји одат во погрешна насока“.Затоа смета дека „нема враќање во поранешната нормала во блиска иднина“.

Додека многу земји, особено во Европа и Азија, ја ставаат епидемијата под контрола, како што посочи, премногу други земји го гледаат вирусот како се движи во погрешна насока. Тедрос ги критикуваше политичките водачи за различни пораки за епидемијата што ја оштетува довербата, но не именуваше ниту еден.

Тој ги повика земјите да усвојат сеопфатна стратегија за борба против голем број на заразени во голем број земји, истакнувајќи дека околу половина од сите нови случаи сега доаѓаат од Америка. Тедрос рече дека е направена мапа на пандемијата и дека никогаш не било доцна да се контролира нејзиното ширење дури и на места со експлозивен пренос.

Извор: Макфакс

SHARE