СЗО: Расте бројот на хоспитализации, може да се преполнат капацитетите за интензивна нега

Прочитај за: < 1 минута

Светската здравствен организација соопшти дека зголемениот број случаи со коронавирус во Европа наскоро може да доведе многу болници на граница.

Бројот на пријавени случаи на коронавирус во Европа во минатата недела бил речиси трипати поголем отколку во екот на пандемијата во првиот бран во март, изјави лидерот на СЗО Тедрос Аданом Гебреизус на прес-конференција во Женева.

Но, бројот на жртвите од ковид-19 е далеку под нивото во март, додаде тој. Сепак, Тедрос предупреди дека „бројот на хоспитализации се зголемува, и во многу градови известуваат дека ќе ги пополнат капацитетите за интензивна нега за неколку недели“.

Овој тренд го загрижува СЗО бидејќи сезоната на грип на северната хемисфера исто така ќе ја зголемува потребата од болнички кревети.

Тедрос изјави дека земјите треба да усвојат единствен пристап кон ковид-19 и грипот, бидејќи и двете болести можат да бидат поразени со иста стратегија – далечина, чисти раце, маски и добро проветрени простори. Бидејќи во некои земји нема доволно вакцини против грип, СЗО препорачува да им се даде приоритет на здравствените работници и старите лица.

Само во Италија за последните 24 часа регистрирани се 10.010 нови случаи од корона вирус, што е најголем дневен биланс на новозаболени од почеток на епидемијата. Истовремено како последица од инфекција починале 55 лица, соопштило министерството за здравство.

Во таа земја постојано расте бројот на пациенти на интензивна нега и денес се 638. Како за споредба, во втората половина на јули биле околу 40.

Италија има втора најголема стапка на смртност од Ковид-19 во Европа, после Велика Британија и од почетокот на пандемија во февруари починале 36.427 лица.

Извор: Фактор

SHARE