СЗО: Тешка есен ја чека Европа

Прочитај за: < 1 минута

Смртноста со Ковид-19 се очекува да се зголеми во Европа во текот на октомври и ноември и дека тие месеци ќе бидат „многу тешки“ во однос на епидемијата.

Ова го предвидува Светската здравствена организација.

Бројот на заразени во Европа сега е во пораст, но бројот на жртви на дневна основа е релативно стабилен.

Во 55 европски држави минатиот петок се регистрирани повеќе од 50.000 нови инфекции за еден ден.

Франција во еден ден имаше над 10.000 заразени.

Во светот има повеќе од 29 милиони случаи на Ковид-19 и повеќе од 924 илјади починати.

Извор: Фактор

SHARE