Тетовчанка бегајќи од кучиња скитници скрши нога и повреди рака

Прочитај за: < 1 минута

Четириесетгодишна жена од Тетово била нападната од кучиња скитници додека во вечерните часови се движела по булеварот Маршал Тито кај зелениот пазар. Во обид да го избегне нападот од глутницата, паднала, при што ја скршила десната нога и ја повредила десната рака.

„Одев трета смена на работа кога кучињата ме нападнаа кај пазарот. Се обидов да побегнам преку жардињерата меѓу тротоарот и велосипедската патека, но се сопнав и ја скршив ногата и ја повредив раката“, вели В. С. од Тетово, која е мајка на три деца.

По нападот од кучињата, жената била однесена во тетовската клиничка болница каде што ногата ѝ била ставена во гипс и ѝ биле санирани повредите на раката. Случајот е пријавен во полиција.