Месецов ќе наполнеше 22 години: Трогателна порака од Игор, таткото на девојчето поради чие убиство е донесен Тијанин закон во Србија

Прочитај за: < 1 минута

Тијана месецов ќе наполнеше 22 години. По тој повод нејзиниот татко Игор Јуриќ напиша трогателни зборови посветени на своето мало девојче за нејзиниот роденден.

Девојката би го прославила својот роденден и ќе наполнеше 22 години, наместо да ја бакнува, гушка и да честита, нејзиното семејство оди на нејзиниот гроб.

Таа би го прославила својот 22-ри роденден, ако ноќта помеѓу 25 и 26 јули 2014 година, во близина на селото Бајмок, месарот Драган Ѓуриќ не извршил монструозно убиство врз тогаш петнаесетгодишната Тијана. Да не го стореше тоа, денес сè ќе беше поинаку.

Таткото на Тијана сподели емотивен статус на својот Фејсбук профил.

“Денес полниш 22 години. Никогаш нема да знаеме каде би била денес, на кој факултет би се запишала, но јас знам само едно, ти би останала таа добра, топла душа, која би била тука за сите, да пријде, да помогне, да прегрне и најде убав збор за секого кога е најпотребно. Нема да плачам, со нетрпение ја чекам средбата што ќе се случи еден ден, а потоа повторно заедно ќе славиме родендени”, напиша Јуриќ.

Повеќе >> Женски Магазин

SHARE