Вакцините на Фајзер и Модерна ги штитат и трудниците и доилките, а антителата се пренесуваат и на бебињата

Прочитај за: < 1 минута

Бремените жени и доилките имаат ист имун одговор на вакцините против коронавирусот, како и останатите жени. Ова го нотира едно ново истражување во кое учествувале 131 жена со примена вакцина на Фајзер, односно на Модерна. Резултатите од студијата покажале дека бебињата на трудниците кои се вакцинирале исто така развиваат високо ниво на антитела.

Вакцините на Фајзер и Модерна делуваат на бремените жени исто како и кај повеќето други луѓе, поттикнувајќи имун одговор од нивна страна, па дури и антителата се пренесуваат од мајката на бебето. Оваа нова значајна студија е објавена неодамна во списанието Journal of Obstetrics and Gynecology, а опфаќа жени кои ги примиле овие вакцини во периодот декември-март.. Од 131 жена, 84 биле ремени, а 31 доилка – објавено е на сајтот на Бизнис Инсајдер.

Научниците заклучиле дека и на трудниците и на доилките вакцината добро им делува, како и на 16 жена кои ниту биле бремени, ниту доилки. Исто така, се покажало дека бебињата на жените кои претходно во текот на бременоста се вакцинирале, имале значително повеќе антитела од бебињата на жените кои претходно прележале ковид-19. Истражувачите кои ја спровеле оваа стуаија истакнуваат дека се за вакцинација на трудниците, иако ова прашање и понатаму останува отворено за многумина.

За потсетување, ниту една компанија за производство на вакцина против ковид-19 не вклучи бремени жени во тестирањето, па оттука отсуствуваат податоците според кои би се знаело дали вакцините се безбедни за трудниците.

Повеќе >> ММС

SHARE