Вакцините против Ковид-19 може да бидат преризични за многу стари и болни лица, предупреди Норвешка

вакцина астразенека
Прочитај за: < 1 минута

Норвешка предупреди дека вакцините против ковид-19 би можеле да бидат преризични за многу стари и за тешко болни лица, додека земјите ги проценуваат несаканите ефекти по давањето на првата доза.

Норвешките власти кажаа дека 23 луѓе починале кратко време откако ја примиле првата доза од вакцината. Притоа, во 13 случаи била направена аутопсија и резултатите сугерираат дека вообичаени несакани ефекти придонесле за сериозни реакции кај изнемоштени стари лица, објави Норвешката агенција за лекови.

„Кај оние најизнемоштените, дури и благи несакани ефекти од вакцината можат да предизвикаат сериозни последици. За оние на кои им преостанува уште малку време, придобивките од вакцината можат да бидат маргинални или ирелевантни“, вели Норвешкиот институт за јавно здравје.

Според нив, ова не значи дека млади, здрави луѓе не би требало да се вакцинираат.

„Фајзер“ и „Бионтек“ велат дека соработуваат со норвешките власти за да се испитаат овие смртни случаи.

„Бројот на инцидентите засега не е алармантен и е во рамките на очекувањата“, кажаа од „Фајзер“.

Алергиските реакции досега се ретки. Во САД биле регистрирани само 21 сериозна алергиска реакција меѓу 1,9 милиони дадени дози во периодот од 14 до 23 декември.

Инфо >> sdk.mk
SHARE