Венко Филипче: Епидемијата го достигна пикот

Венко Филипче
Прочитај за: < 1 минута

Статус на министерот за здравство Венко Филипче:

“Епидемијата го достигна пикот пред една недела, од тогаш бројките се стабилизирани. Според анализите на ИЈЗ, највисок процент на позитивни од тестирани (41,2%) е регистриран на 17 ноември кога сме регистрирале и најголем број на нови случаи (1407), потоа бројот на нови случаи благо опаѓа.

Бројот на нови позитивни случаи три недели во континуитет е прилично еднаков, нешто што го нотира и СЗО, а тое е дека бројот на нови случаи успорува. Практично, сме на ниво на едно плато, што е доказ дека Р0 факторот е значајно намален и сега изнесува 1.

Просекот на хоспитализирани во изминатите 2 неделели е околу 1280 пациенти, а процентот на хоспитализирани од активни изнесува 6.7 и овој процент е речиси константен, но притисокот врз болниците и медицинските работници е се уште голем.

Апелирам на почитување на мерките, како едиствен начин во моментов целосно да ја стабилизираме состојбата.”


SHARE