Филипче го посети Иле: Му посакувам што поскоро да заздрави и да се врати дома

Прочитај за: < 1 минута

Венко Филипче, министерот за здравство, денеска неполни два дена по операцијата, го посети Иле Стрезовски од Брвеница, кому му беше пресадено срце од донорот Верица Белчовска.

„Неполни два дена по операцијата која му го спаси животот, младиот Иле полека заздравува на Клиниката за кардиохирургија. Бескрајно благодарен на тимот на лекари кои помогнаа да добие нова шанса за живот и пред се на семејството на младата девојка чие срце денес чука во неговите гради. Му посакувам што поскоро да закрепне и да се врати дома кај неговото семејство.“, напиша Филипче на „Фејсбук“.


SHARE