Министерот Филипче утре на Табановце ќе ја прими втората пратка на вакцини од Србија

Прочитај за: < 1 минута

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, утре на Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од министерот за здравство на Република Србија Златибор Лончар кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата Фајзер.

Настанот ќе се одржи на меѓуграничниот премин на македонската и српската граница, каде се предвидени изјави за медиумите, соопшти Министерството за здравство.

Извор: kanal5.com.mk

SHARE