Трагедија! „Цел час го реанимирале, но не можеле да го спасат“ – Ненадејно почина Виктор(42), пејачот на групата „Амајлија“

Прочитај за: < 1 минута

Со шок и неверување денес македонската естрада ја доби веста дека ненадејно починал пејачот Виктор Барбутов, вокал на групата „Амајлија“.

Ниту бил болен, ниту се жалел на нешто, освен вчера вечерта дека го болело глава, на само 42 години замина Виктор, сопруг и татко на ќеркичка, која има само две години, рекоа за ММС негови колеги.

-Ниту можеме да веруваме, ниту сакаме да веруваме дека Виктор повеќе го нема, вели Мики, член на групата „Амајлија“, каде вокал беше Виктор.

Дека ваква тага ќе доживеат никој од „Амајлија“, а посебно неговото семејство не ни сонувале, бидејќи Виктор не се пожалил на никаков здравствен проблем.

-Се скина дел од мене, во шок сме и не сакаме да поверуваме дека него веќе го нема. Дека повеќе нема да запее со неговиот бисерен глас. Млад, здрав, ниту пушеше, ниту пиеше алкохол. Се се случило одеднаш. Претпоставувам мозочен удар, од она што кусо го прозборев со неговата сопруга, бидејќи таа не е во можност да зборува, рече Мики за ММС.

Мики вели дека со Виктор биле неразделни, од самите почетоци на групата. Поминале многу, свиреле на безброј свадби.

-Како да недостасува дел од мене, така се чувствувам. Па 20 и кусур години сме заедно, свирки, свадби, дружења. Што конретно се случувало не знам, она кусо што ми го кажа сопругата, бидејќи е во шок и не знае за себе, е дека почнал да се жали на болики во вратот. На сопругата и рекол многу ме боли глава. Викнале Брза помош, го реанимирале еден час лекарите, но не успеале да му го спасат животот, додава тажно Мики.

Повеќе >> mms.mk