ВИРУСОТ МУТИРА: Словенците истражуваат дали се шири нов, словенечки сој на коронавирус

корона словенија
Прочитај за: < 1 минута

Дали се шири нов сој на коронавирус во Словенија, т.н. словенечки сој? Ова е најновата теорија во обид да се најде одговор на словенечката енигма за строгите мерки кои не даваат резултати.

Главниот словенечки епидемиолог, д-р Бојана Беовиќ, лично не верува во тоа. Сепак, вели дека нема да ја отфрли тезата туку така.

„Кога ќе пробате сè, а нема резултати, научниот ум е склон да размислува пошироко. Така, меѓу другото, беше спомнат и можеби нов, словенечки сој. Тоа не се факти, туку теоретски размислувања, една од идеите. Нашата крива оди нагоре, паралелно со ситуацијата во Велика Британија, па оттука и идејата за нова варијанта на вирусот. Вирусот мутира и можни се локални варијанти, но ова е само една во низата идеи“, вели д-р Беовиќ за „Јутарњи лист“.

Таа ја отфрли тезата дека низ Словенија се проширил британскиот сој на вирус и најави секвенционирање во поширок обем, со што ќе се обидат да откријат дали мутацијата на вирусот е виновна за словенечките маки.

Ситуацијата во Словенија многу споро оди на подобро, но докторката верува дека причината е што многу луѓе веќе ја прележале болеста COVID-19, се опоравиле од COVID-19, а помал дел од заслугата отпаѓа на вакцинацијата.

Инфо >> Педијатар.мк

SHARE