Жени споделуваат како навистина им изгледа кожата без филтри за да се борат против нереалните стандарди за убавина

филтер
Прочитај за: 2 минути

Козметичките реклами и социјалните мрежи наметнуваат нереални стандарди за убавина кои им ја намалуваат самодовербата на „нормалните“ жени. За подобар ефект, бројни брендови и блогери користат Фотошоп или филтри за да ја измазнат кожата, што понекогаш изгледа дури и „вештачки“.

Без изразени пори, беспрекорна насмевка, раскошна и мазна коса… сите тие фотографии и видеа придонесуваат жените да се чувствуваат некомотно во своја кожа.

Мејкап артистката Саша Луис Палари започна предизвик на Instagram за да се бори против нереалните стандари за убавина.

Со хаштагот #FilterDrop таа ги повикува жените да споделуваат необработени фотографии, без филтри и да покажат како навистина изгледа нивното лице.

Повеќе >> Фемина

SHARE